Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Devizen pazar i devizna berza (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Вовед
Во современиот свет, порано и сега, постојат повеќе национални економии со свои национални валути. Ни една од нив, без оглед на нивниот економски развиток, не сака и не може да се затвори и да се исклучи од современите текови на пари, стоки, капитал, хартии од вредност, работна сила, технологија итн. Секоја од сегашниве национални економии настојува да го зголеми бројот на земјите со кои има економски и финансиски односи.
Секоја национална економија има своја национална валута која претставува суверено средство за пресметување и плаќање во рамките на националната економија. Како резултат на ова секоја национална економија во економските и финансиските односи со другите национални економии мора да ги плати своите обврски во национални валути на тие национални економии, или со некоја општо прифатена валута. Тоа значи дека економските субјекти своите обврски спрема странските субјекти ќе ги платат на тој начин што ќе купат валути или девизи на девизниот Пазар националната економија и истите ќе ги платат со национална валута.
Истото важи и за странските валути, кои за да можат да функционираат во домашниот пазар, мора да се трансформираат во домашна валута и тоа, речиси секогаш, со купопродажба на валути, односно девизи на девизниот пазар.
Според тоа, потреба од функционирање на девизниот пазар ќе постои се дотогаш додека во светот не егзистира универзална, општо прифатена валута.
Како најзачаен сегмент на девизниот пазар се смета дека е девизната берза. Како вид на организирање на девизниот пазар, берзата претставува најстара форма на организирање, која во својата наједноставна форма постоела уште во средниот век и која со текот на времето се повеќе се усвршувала и станала се поефикасна. Овде станува збор за официален и организиран облик на промет на девизи на определено место, во определено време и по однапред утврдени правила на однесување.
1.Поим и суштина на девизниот пазар
Девизниот пазар претставува перманентно среќавање на понудата и побарувачката на слободни девизни средства (валути и девизи). Меѓутоа девизниот пазар сфатен како сегмент на финансискиот пазар, претставува купување и продавање на девизи за домашна валута или други валути меѓу банките и другите лица на една земја и меѓу банките на разни земји. Додека во поширока смисла на зборот, пазарот на девизи опфаќа купување и продавање на девизи, одржување на т.н. девизни позиции, девизната арбитража, девизните спекулации итн.
Девизниот пазар, како специфичен пазар во кој се тргува со специфична стока-девизи, не може да биде перфектен пазар. Ова е поради тоа што висината на цената на одделни девизи не зависи само од понудата и побарувачката на девизи, туку и од мерките што ги преземаат монетарните власти на земјите на чија валута гласат девизите (девалвација, ревалвација). На перфектноста на девизниот пазар големо влијание имаат и интервенциите на домашните монетарни власти, како одговор на реагирањето на монетарните власти од другите земји во областа на формирањето на интервалутната вредност на домашната валута. По правило на девизниот пазар се тргува со разновидни девизи. Оттаму и понудата и побарувачката секогаш мораат да бидат лоцирани на определена валута, а нивниот однос да го формира курсот на определената валута.

 

 ---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!